Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинските екипи на РК Вардар утрово заминаа за Зрењанин
Младинските екипи на РК Вардар утрово заминаа за Зрењанин

Младинските екипи на РК Вардар утрово заминаа за Зрењанин

Младинските екипи на ракометниот клуб Вардар утрово заминаа за “Зрењанин“ (Србија) каде од утре ќе ги започнат настапите на овој турнир. Машката и женската екипа родени “2002“ година, како и младинскиот машки тим од генерација “2000“ ќе не претставуваат на овој турнир. Веќе ги објавивме составите како и противниците за нашите екипи на турнирот “Трофеј на градот Зрењанин 2017“,

Минатата година Вардаровите пионери под водство на Андријана Будимир направија голем успех на истиов турнир освојувајќи го сребрениот медал. Тие во финалето беа поразени од екипата на Камп Растимо, додека во полуфиналето успеаа да ја елиминираат екипата на Партизан, која важи за една од најдобрите школи на балканот. Пионерките пак лани завршија на шестото место на истиов турнир. И оваа година не очекуваат квалитетни натпревари и се надеваме на добро издание на нашите младински екипи, каде повторно ќе атакуваме на некој од медалите. Натпреварите од турниров ќе бидат пренесувани на стрим.