Фудбалскиот клуб на Вардар од генерација 2005 утрово ги започна настапите на силниот меѓународен турнир “Балканика куп“. Нашите млади надежи беа минимално поразени од минатогодишниот освојувач на овој турнир, екипата на Черноморец Бургас од Бугарија. Мечот се играше во две полувремиња по 25 минути и заврши со минимална победа на противникот од 1:0.
Во еден тежок и квалитен меч среќата му се насмеа на противникот кој погоди во последната минута за триумф . Голем пех за нас беше повредата на еден од најдобрите поединци на црвено-црните Филип Јовановски кој по само две минути игра мораше да ја напушти играта. Ова не треба да е разочарување за вардарци бидејќи игравме со ланскиот шампион и освојувач на турнирот, која е одлична екипа, одлично градена и која има снажни играчи кои на моменти се и груби. Се играше денес 8+1 на теренот. На турнирот ќе играме и со Локомотив Софија и Локомотив Пловдив.