РК Вардар со почеток во 17 часот и 30 минути ќе го одигра првиот натпревар во 2017 година во рамките на Лигата на шампионите. Нашите ракометари попладнево ќе се судрат со тимот на ППД Загреб од Хрватска. Ова ќе биде дуел од десеттото коло во групата “Б”. Вардарци доколку победат на овој натпревар ќе избијат на првата позиција на табелата каде ќе имаат исти број на бодови со тимот на Киелце.
Овој натпревар сите љубители на Вардар и ракометот кои не се во можност да дојдат во сала ќе можат да го проследат низ директен тв пренос на МТВ-1.