Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дејвис: Победивме пак, но не треба да имамее вакви падови – Лекиќ: На крајот сепак победивме, два бода се два бода
Дејвис: Победивме пак, но не треба да имамее вакви падови – Лекиќ: На крајот сепак победивме, два бода се два бода

Дејвис: Победивме пак, но не треба да имамее вакви падови – Лекиќ: На крајот сепак победивме, два бода се два бода

Осма последователна победа за екипата на ЖРК Вардар во лигата на шампионите. Иако потешко можеби од очекуваното, сепак црвено-црните на крајот излегоа како победници во дуелот со екипата на Турингер. Во првото полувреме имавме највисоки седум голови предност, а на одмор заминавме со резултат 13:18. Во вториот дел домашниот тим полека ја топеше негативата и во еден момент дури имаше и водство. Сепак на крајот пресуди искуството на нашиот состав, кој славеше со резултат 29:31. По завршување на натпреварот тренерот Давид Дејвис со свое видување.

-Почнавме добро, во одбрана и напад, и без брзање. Потоа направивме измени и тргна се лошо. Секогаш тргнуваме добро, а потоа имаме падови. Треба сите да играат кога ќе им се даде шансата. Ако продолжи вака ќе мора да играме само со седум играчи. Победивме пак, но не треба да имамее вакви падови, рече Давид Дејвис, тренерот на Вардар.

Лекиќ беше втор најдобар стрелец со 8 погодоци, од кои 5 беа во второто полувреме.

-Навистина крајно неизвесен натпревар. Веројатно ниту ние не очекувавме да имаме така одлично прво полувреме. Потоа дозволивме да не стигнат, бидејќи имавме доста грешки. На крајот сепак победивме, два бода се два бода. Ние ја продолжуваме непобедливоста, и ќе треба да ги отстраниме грешките што ги правевме, изјави Лекиќ.