Полека завршува зимската пауза во повеќето од спортовите, атлетиката наскоро од овој викенд ќе биде повторно актуелна. Атлетичарот на Вардар младиот Петре Завировски во сабота на 18-ти февруари ќе го има дебито во новата 2017 година. Тој ќе трча на патека долга 5000 метра во Скопје.
Во сабота на кејот на реката Вардар ќе се оддржи трка од Најк лигата во трчање. Стартот ќе биде од “Кај жабарот“ си ќе се трча до хотелот Александар Палас и назад до Жабарот кај што е самиот финиш. Ова ќе биде прв настап на Завировски оваа година, тој вредно работеше ова зима и очекуваме одлични настапи и континуирано подобрување кое беше евиднетно во вториот период од лансаката година кај него. Тој прилично го подобри перформансот и атакуваше на врвот во вториот дел од сезоната.
Интересно беше неговото минато учество на оваа трка. Тогаш за прв пат во овој серијал на натпревари настапи Петре Завировски. Завировски одново имаше фантастичен перформанс убедливо победи. Со најбрзи 5000 метри на улична трка во кариерата. Неговиот резултат изнесува 17:03 минути. Завировски вистински професионалец. Во истиот ден беше и венчавката на неговата сестра. Но и покрај тоа тој професионално ја одработи својата работа. Убедливо победи, потоа замина на венчавка кај својата сестра.