Изминатиов викенд се одигра десеттото коло во лиагата на шампиони. Екипата на Вардар на домашен терен го победи ППД Загреб и се врати на првото место на табелата. Црвено-црните имаа водство во текот на целиот меч и на крајот заслужено ги освоија двата бода. Поразите на Пик Сегед и Киелце ни донесоа лидерска позиција, која се надеваме дека ќе ја задржиме по завршување на групната фаза. Најдобар стрелец во триумфот против Загреб беше Алекс Душебаев кој постигна 7 гола. Тој се најде во идеалниот тим на колото во ЛШ. Покрај него во најдобриот тим се уште и Палицка, Толбринг, Радек, Карабатиќ, Радивојевиќ и Озбахар.
Да гласаме за Душебаев да биде прогласен за најдобар играч на колото во ЛШ.