Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ангела Костовиќ: Оваа награда не ми е прва, но е посебна затоа што ја добив на меѓународен турнир и ми претставува голема мотивација и поттик
Ангела Костовиќ:  Оваа награда не ми е прва, но е посебна затоа што ја добив на меѓународен турнир и ми претставува голема мотивација и поттик

Ангела Костовиќ: Оваа награда не ми е прва, но е посебна затоа што ја добив на меѓународен турнир и ми претставува голема мотивација и поттик

Од 10-12 ти февруари три младински екипи на ракометниот клуб Вардар беа дел од меѓународниот турнир во Зрењанин на кој учество земаа голем број на екипи во неколку различни возрасни генерации. Голем успех направија машката и женска пионерска екипа кои игра во големото финале и го освоија првото место. Ова беше голема сатисфакција и одлично претставување на  нашиот клуб во меѓународни рамки. Пионерките предводени од тренерскиот тандем Ристова-Пецевска со пет победи од исто толку одиграни мечеви успеа да го освојат златниот медал на турнирот. Еден од нивните најдобри играчи на турнирот беше Ангела Костовиќ која за нашиот сајт ги сподели впечатоците од учеството на турнирот.

-На секој нов натпревар ние тргнуваме со желба за победа. Кога тргнавме од Скопје, имавме само една цел, да го освоиме турнирот и токму тоа се случи. Првите утакмици беа полесни, но како се доближувавме до целта, противниците беа се посериозни, а натпреварите беа понеизвесни. Инаку, финалниот меч со Просочани го започнавме многу лошо, тие дојдоа до највисоки  шест голови разлика, но во второто полувреме ние ја зајакнавме одбраната. Во нападот тргнавме поагресивно и на крајот успеавме да изедначиме и натпреварот го завршивме со изведување на пенали, во кои ние бевме подобри.

vardarfans-igra

Оваа генерација на Вардар беше дел од истиов турнир и минатата година кога за прв пат се организираше, на кој го освоија шесттото место.

-Јас сум многу задоволна од играта на мојата екипа, иако секогаш може подобро. Како екипа покажавме карактер, бевме добро физички и тактички подготвени што се должи на секојдневните тренинзи со нашите тренери. Ако правиме паралела со минатогодишниот пласман во Зрењанин (6-то место) и оваа година, имаме голем наптредок на сите полиња. Ракометот е тимска игра и поединецот е добар толку колку што е добра и целата екипа. Сите зависиме еден од друг и се надополнуваме.

vardarfans-finale

Ангела Костовиќ ја доби наградата за најдобар играч на завршниот турнир “Трофеј на градот Зрењанин 2017“.

-Ова не ми е прво признание, два пати бев прогласена за најдобар десен бек на турнирот “Еден живот,една љубов“. Сепак оваа награда е посебна затоа што ја добив на меѓународен турнир и ми претставува голема мотивација и поттик да продолжам и понатаму да се борам за уште поголеми успеси во црвено-црниот дрес.

vardarfans-radost

Звонко Ивановски