Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови контролни натпревари за Вардаровите генерации на подготовките во Охрид
Нови контролни натпревари за Вардаровите генерации на подготовките во Охрид

Нови контролни натпревари за Вардаровите генерации на подготовките во Охрид

Продолжуваат контролните натпревари за Вардаровите генерации кои се наоѓаат на подготовки во Охрид. Како што знаеме три младински екипи на ФК Вардар главниот дел од припремите го одработуваат во овој град. Тие одиграа нови контролни мечеви, на кои ја темпираат формата за пролетниот дел од натпреварувачката сезона.

Вардаровата генерација родени “2002“ игра со повозрасни екипи, а овој пат противник ни беше академијата на ФФМ од Охрид, играчи родени 2000/01 година. Натпреварот заврши во корист на академијата на ФФМ со минимален резултат од 1:0. Нова победа на пријателските мечеви во Охрид оствари и генерацијата “2003“ против екипата на Еврофудбал која ја совладаа со резултат 3:2 (3:0). Контролен натпревар и за третата наша генерација, дечиња родени “2004“ кои славеа во дуелот со екипата на Еврофудбал и триумфираа со убедливи 8:0.

Во петок Вардаровите генерации “2003′ и “2004“ се враќаат во Скопје, апак генерација 2002 година се враќа во недела за главниот град, Скопје.