Нова убава вест ни стигна женскиот клуб Вардар најдобрата светска ракометарка за 2013 година, српската интернационалка Андреа Лекиќ ќе остане како дел од тимот и во следните две години, односно до јуни 2019 година. Таа дојде во Вардар во 2013 година, а нејзиното останување е во согласност со намерата и амбиција да нашата екипа ги задржи ракометарките што се клучни за нашата игра. Убава вест е дека таа потпиша нови две години верност, бидејќи на Лекиќ летово и завршува едногодишниот договор што беше склучен лани..Андреа Лекиќ за продолжување на договорот вели:
Не би останувала доколку не сум задоволна. Со овие две години моето останување во Вардар ќе биде шест сезони, и тоа е најмногу што сум се задржала во некој клуб досега. Ова значи сѐ. Не постои нешто што не ми одговара во клубот. Играме и добро, и поставените цели се исти, па тоа е она што те влече напред. Сакам да го напаѓам врвот, а Вардар тоа постојано ми го обезбедува, за да бидеме секогаш напред.