Нашиот ракометен шампион веќе е на пат за Унгарија каде утре ги очекува нов натпревар во лигата на шампионите. Црвено-црните можеби го играат најважниот дуел во борбата за првото место во најсилната група Б, место кое води директно во четврфиналето на најголемото ракометно натпреварување. Попладнево екипата треба да пристигне во Сегед и вечерва да го одработи првиот тренинг во салата каде утре ќе се одигра овој интересен натпревар. Двете екипи водат борба за највисок пласман во групата, отука и големата важност на овој меч. До крајот на групната фаза не очекуваат домашни натпревари против Целје и Кристијанштад на кој сме големи фаворити, како и оној во Белорусија против Брест Мешков. Доколку ги добиеме сите натпревари ќе завршиме на првото место во својата група. Минатата сезона исто така бевме во група со Пик Сегед и на двата натпревари забележавме победа.
Во составот се враќа Вуко Борозан кој го пропушти мечот со Загреб. Натпреварот утре се игра во 17:30 часот со директен пренос на МРТ-1.