Денеска се комплетираше 11 коло во нашата група во Лигата на шампионите. По ова одиграно коло, РК Вардар останува лидер на табелата. Вечерва тимот на Целје ни направи голема услуга, овој тим на домашен терен во еден многу возбудлив натпревар славеше победа над Киелце со гол во последните моменти од мечот. Конечниот резултат гласеше 34:33, иако по првото полувреме Полјаците имаа водство од 16:19. Со оваа победа на Целје, сега вардарци се осамени лидери на табелата и доколку ги добијат преостанатите три натпревари, ќе завршат како првопласирани во оваа група, односно ќе го прескокнат 1/8 финалето и директно ќе се пласираат во 1/4 финалето.
Вардар до крајот на групната фаза има уште три натпревари. Во Скопје ни гостуваат Целје и Кристијанштад, додека пак гости сме на екипата на Мешков Брест.
Табелата по ова одиграно коло изледа вака:
Вардар 16
Рајн Некар 15
Киелце 14
Пик Сегед 13
Мешков Брест 12
Кристијанштад 6
Загреб 5
Целје 5