После победата над Целје од 35-30 црвено-црните останаа на врвот на табелата во групата. По мечот на прес-конференција тренерот на црвено-црните и руското крило Шишкарев за новинарите го изјавија следново:
Раул Гонзалез – тренер на Вардар вели:
„Мислам дека во првото полувреме игравме добро, на почеток почнавме со 6-0 одбрана, но не бевме добри. Имавме проблеми со Мацковшек и решивме да промениме во 5-1. И беше подобро, ги искористивме 3-4 контри и направивме добра разлика. Вториот дел, повеке или помалку беше исто во нашата игра. Игравме со почит кон ривалот иако водевме. Бидејќи кога играш со Целје може да направат пресврт. Задоволен сум што одигравме сериозно. Сега играме против Брест и за нас ќе биде ново финале
Даниил Шишкарев – играч на Вардар вели:
„Влеговме во натпреварот сериозно, и направивме добра одбрана и остваривме добра гол разлика, ги искористивме грешките на Целје. Заминавме на полувреме со пет гола разлика. Во второто полувреме не беше лесно, но издржавме до крај. Им благодарам на момците што издржавме и победивме.