Екипата на Фк Вардар У 17 во третото коло на младинската лига,во својата генерација одиграа нерешено 1:1 со екипата на Работнички.Ова е прво реми за момците на Ане Андоновски од почетокот на новата фудбалска сезона.Во првите две кола оставрија убедливи победи против Пелистер и Македонија Ѓ.П.Минатиот викенд успеаа да ја поминат првата пречка во купот на Мкедонија совладувајќи ја екипата на Ренова.
-Ова беше тежок натпревар,пред се поради временските услови.Екипата на Работнички се покажа како добар противник.Имавме шанси за погодок во текот на целиот натпревар,но не ги искористивме.Поведовме први но не успеавме да ја задржиме предноста од 1:0.Гостите успеаа да изеднечат со играч помалку,по што резултат останата непроменет до крајот на натпреварот.Ни следи уште еден дерби натпревар против екипата на Металург,и мора да почнеме да мислиме и тренираме за тој меч,ни изјави Никола Димовски за нашиот сајт.
14.09.2014
Звонко Ивановски