Овој викенд се играа натпреварите од 1/16 од купот на Македонија,во кој настапија и генерациите на Фк Вардар.Екипата на Фк Вардар У 17 за противник ја имаше екипата на Ренова.Натпреварот се одигра на игралиштето на Локомотива,во кој Вардарци забележаа убедлива победа и се пласираа во следната фаза на ова натпреварување.Крајниот резултат гласеше 4:0 во корист на Вардар.На овој дуел капитенот Дејан Маркоски постигна хет трик,а еден погодок постигна и Филип Таневски.
-На почетокот на натпреварот имавме 2-3 шанси кои не ги искористивме.После тоа при крајот на првото полувреме постигнавме погодок за да заминеме на одмор со минимална предност.Во второто полувреме имавме целосна контрола над играта,се ослободивме од притисокот и успеавме да постигнеме уште три погодоци.Со овој дуел ја продолжуваме серијата на победи.Јас сум задоволен од сите играчи што настапија на овој меч,и би кажал дека беше одличен натпревар од секоја гледна точка,ни изјави капитенот и стрелецот на трите гола Дејан Маркоски,за нашиот сајт.
07.09.204
Звонко Ивановски