Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Филип Таневски за Вардарфанс:Целосна доминација на Вардар.
Филип Таневски за Вардарфанс:Целосна доминација на Вардар.

Филип Таневски за Вардарфанс:Целосна доминација на Вардар.

Овој викенд се играа натпреварите од 1/16 од купот на Македонија,во кој настапија и генерациите на Фк Вардар.Екипата на Фк Вардар У 17 за противник ја имаше екипата на Ренова.Натпреварот се одигра на игралиштето на Локомотива,во кој Вардарци забележаа убедлива победа и се пласираа во следната фаза на ова натпреварување.Крајниот резултат гласеше 4:0 во корист на Вардар.На овој дуел капитенот Дејан Маркоски постигна хет трик,а еден погодок постигна и Филип Таневски.

-Натпреварот помина во целосна доминација на Вардар.Напаѓавме од сите страни,покрај постигнатите голови,имавме и многу други 100% шанси за гол,но за жал не ги искористивме.Мечот се одигра во силно темпо,наметнато од двете страни.Сепак нашиот квалитет пресуди за убедливата победа на крајот,изјави Филип Таневски,за нашиот сајт.

07.09.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply