Нашето лево крило, рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров се најде во идеалниот тим на СЕХА-лигата за месец февруари. Во мечот против Горење, вардарци славеа со резултат 29:31, Дибиров беше најефикасен со 8 голови. Исто така на последниот меч пред домашната публика во регуларниот дел од СЕХА-лигата, нашиот шампион го победи Нексе, а тој повторно беше најдобар стрелец со 6 погодоци. Тоа му донесе место во иделниот тим на СЕХА лигата за изминатиот месец.
Видеото од погодоците кои му донесоа место во иделниот тим на летачкиот русин може да ги погледнете ТУКА!