Претстојниов викенд ќе продолжи ракометната “Јуниор“ лига со натпреварите од осмото коло. Повторно ќе гледаме возбудувања на мечевите, каде секоја екипа е желна за докажување и победа. Една од ракометните школи која е дел од овој голем проект на Вардар е РК Шампион која со големи успеси се натпреварува во “Јуниор“ лигата. Дел од неа е Борјан Чолаков од генерација 2002/03 кој ќе не запознае со неговите почетови во ракометот и желбата да се занимава со овој спорт.
-Многу го сакам спортот и тоа ме натера уште од мал да почнам да се занимавам со спорт. После кратко ”лутање” во други спортови, се одлучив за ракометот. Почнав да тренирам пред три години, и од тогаш сум редовен на тренинзите и по моја желба одлучив да играм на крилната позиција. Во нашата школа имаме активни тренинзи и тоа е причината за нашите успеси.
Јуниор лигата им овозможува на сите деца да се надоградуваат со нови знаења од ракометната игра и да стекнуваат исксутво.
“Јуниор“ лигата има големо значење за надградување на нашите квалитети и способности и тоа е одлична можност да стекнеме нови пријателства. Нашите резултати се одлични, но сепак можеме да постигнеме уште повеќе, па и во иднина да ја освоиме Вардар лигата. Највпечатливо е што покрај натпреварите има голема дружба меѓу нас играчите.
Желбата на Борјан е еден ден да настапува за младинските екипи на Вардар, како и да биде репрезентативец на Македонија.
-Во иднина се гледам како успешен репрезентативец на Македонија.Секако желба е да стигнам и до малдинските екипи на Вардар. Сепак тоа нема да биде ни малку лесно, бидејќи е потребна напорна работа, тренинг и труд.
На турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“, екипата на Шампион го освои второто место во генерацијата 2002/03. Во големото финале тие беа поразени од тимот на РК Преспа од Ресен.
-Зимскиот турнир иако беше напорен дадовме се од себе и го освоивме среброто. Прикажавме добри игри и секако дека треба да бидеме задоволни од освоеното второ место. Се надеваме дека на наредниот турнир ќе го подигнеме трофејот.
Звонко Ивановски