По еднонеделна пауза повторно викендов ќе има возбудувања во Вардар Јуниор лигата која викендов ќе се игра во Скопје. Над 650 момчиња и девојчиња во сабота и недела, 4-ти и 5-ти март во двете салите С.Ц „Јане Сандански” ќе одиграат повеќе од 30 натпревари во двете конкуренции, машка и женска категорија. Свои настапи ќе имаат тимовите во генерациите 2000/2001, 2002/2003, 2004/2005 во двете конкуренции, и мешаните тимови во кој играат момчиња и девојчиња кај најмалите генерација 2006/2000 .
Распоред на натпревари за ова осмо коло во Вардар Јуниор лигата може да го видите ТУКА.