Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Стефан Наумчески: Чест и задоволство е што сум дел од оваа надежна генерација која ја предводи Сашо Тодоровски
Стефан Наумчески: Чест и задоволство е што сум дел од оваа надежна генерација која ја предводи Сашо Тодоровски

Стефан Наумчески: Чест и задоволство е што сум дел од оваа надежна генерација која ја предводи Сашо Тодоровски

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар ќе водат голема борба во пролетниот дел за одбрана на двојната круна. На 11-ти март започна пролетниот дел во првенството, а избраниците на Сашо Тодоровски ќе тргнат со само еден бод помалку од екипата на Шкупи која се наоѓа на лидерското место. Исто така не очекува полуфинале во купот, каде го браниме трофејот од минатата сезона кога во големото финале го совладавме тимот на Милано. Ова беше повод за тренерот Тодоровски во пролетниот дел да го засили тимот со Стефан Наумчевски кој доаѓа од екипата на Металург каде беше и повремен капитен на тимот од железарница. Инаку претходно има настапувано за Победа од Прилеп, од каде и потекнува. Исто така има настапи и за репрезентацијата на Македонија до 17 години.

1. Што беше пресудно за да се одлучиш да се преселиш во екипата на Вардар ?

-Желба и сон на секој фудбалер е да заигра и да го облече дресот на нашиот бисер и симбол кога е во прашање, Ф.К.Вардар затоа што се работи за клуб со богата фудбалска историја како во нашата држава така и во поранешната заедница зборувам за Југославија. Ова што го кажав е првата причина зошто се одлучив да дојдам во Вардар. Како втора причина што можам слободно да истакнам и да кажам дека исто ме заинтересира и проектот кој го започна Вардар со новиот спонзор на чело со господинот Самсоненко за кого имам само пофални зборови.

2. Како ви изгледа Вардар како клуб и условите кои ги нуди за работа ?

-Мојот клуб во кој што сум сега се повеке заличува на Европски, од организација па се до инфраструктура. Тука мислам на терени што можам да кажам дека располага со стручни и едуцирани тренери. Со еден збор чест и задоволство ми е што сум во Вардар.

3. Дали веќе се прилагодивте во новата средина и дали имате многу пријатели во Скопје, со оглед дека потекнувате од Прилеп ?

-Што се однесува од приемот можам слободно да кажам дека сум примен на највисоко можно ниво, едноставно се чувствувам како да сум во клубот од мали нозе. Јас играв и за екипата на Металург во која што стекнав доста пријатели и јас сум им неизмерно благодарен како мна клубот исто и на соиграчите и мојот тренер Драган Стефановски(Гаге) кој цело време ми даваше подршка и делуваше дирекно на мојот развој на фудбалскиот план.

Како поминуваат завршните подготовки пред стартот на пролетниот дел и дали веќе се вклопивте во овој соств кој го предводи Сашо Тодоровски ?

-За подготовките во Вардар беа доста напорни но јас сум презадоволен за сето тоа како беа замислени и во целост спроведени од мојот тренер Сашо Тодоровски за кого имам само пофални зборови. Што се однесува до тоа дали се вклопив можам да кажам дека во целост се вклопив во неговата фудбалска филозофија и во неговиот начин на работа и се она што се бара од нас играчите.

4. Знаете дека пионерите минатата сезона ја освоија двојната круна, дали може истиот успех да се повтори и оваа година ?

-Во пролетниот дел од првентството ќе влеземе победнички со голема желба и мотив да го повториме успехот од минатата сезона. Секако дека ќе атакуваме на првото место во лигата и купот. Сите живееме за тоа и сметам дека сме и како клуб и по играчки квалитети спремни сето ова што се бара од нас да го повториме и потврдиме ланскиот успех.

5. Дали постои задоволство што ќе го носите дресот на најголемиот спортски бренд во Македонија ?

-За крај сакам да истакнам што се однесува за мене лично ми причинува и чест и задоволство што сум дел од оваа прекрасна генерација која мислам има голема перспектива за иднината на Ф.К.Вардар која одлично ја предводи нашиот тренер Сашо Тодоровски.

Звонко Ивановски