В недела РК Вардар ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник на клучниот натпревар за првото место во нашата група, ќе биде тимот на Кристијанштад од Шведска. Доколку овој натпревар го добијат вардарци, ќе се пласираат директно во 1/4 финалето.
За овој многу важен меч, ЕХФ одреди судиска двојка од Португалија. Станува збор за Дуарте Сантош и Рикардо Фонсека
Натпреварот в недела започнува во 17 часот и 30 минути.