Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Митре Бошевски: Највпечатливо во “Јуниор“ лигата е желбата за постигнување на победа, добивање на поголемо искуство и секако најдобрите од сите нас имаат шанса да играат за РК Вардар
Митре Бошевски: Највпечатливо во “Јуниор“ лигата е желбата за постигнување на победа, добивање на поголемо искуство и секако најдобрите од сите нас имаат шанса да играат за РК Вардар

Митре Бошевски: Највпечатливо во “Јуниор“ лигата е желбата за постигнување на победа, добивање на поголемо искуство и секако најдобрите од сите нас имаат шанса да играат за РК Вардар

Повеќе од 24 ракометни школи и оваа сезона се натпреваруваат во ракометната “Јуниор“ лига. Една од школите која оваа сезопна е новитет во ова натпреварување е РК Вардар ДБ од Кавадарци. Ракометната Академија Вардар-ДБ од Кавадарци е основана во 2014 година, регистрирана како здружение на Граѓани. Истата функционира како школа за ракомет за помлади категории на ракометари на возраст од седум до петнаесет години.о моментот во Вардар-ДБ има запишано активни 120 членови машки и женски во старосни групи од 2002 до 2009 година. Школата функционира во договор и во соработка со РК Вардар Скопје академија како регионална единица , една од 25-те низ целата земја. Во следниов тект ќе ве запознаеме со Митре Бошевски кој е дел од оваа школа кај генерацијата родени “2004/05 година.

-Ракометот беше моја прва желба за спортист. Еден ден стигна покана од Ракометната академија Вардар ДБ во нашето училиште, а утредента веднаш се запишав. Нашата школа е поделена на три групи: Росоман, Кавадарци и Градско, но во “Јуниор“ лигата учесвуваат само Кавадарци и Росоман. Ние тренираме во салата Јасмин во Кавадарци и сега почнавме со посериозни тренинзи од по два часа и се гледа напредок кај екипата. Моментално се одиграа осум кола во “Јуниор“ лигата. Ние како генерација не сме задоволни од остварените резултати, но ќе се обидеме да се поправиме во наредните кола.

vardarfans-bosevski

Јуниор лигата им нуди на сите натпреварувачи континуирано да играат натпревари и да се надоградуваат во ракометната игра.

-Јуниор лигата е одличен проект кој нуди услови за натпреварување. Јуниор лигата за мене има големо значење бидејќи можеме да го искажеме нашето знаење и талент кое се преточува во една игра. Највпечатливо во оваа лига е желбата за постигнување на победа, добивање на поголемо искуство од натпревар во натпревар и најдобрите од сите нас можат да влезат во Ракометниот клуб Вардар.

Најдобрите од секоја школа се селектирани од страна на стручните лица во РК Вардар и истите имаат можност да играат за младинските екипи на најголемиот клуб во Македонија.

-Мојата цел преку настапите на “Јуниор лигата“ е да можам да придонесам добри резултати, да се стекнам со поголемо искуство и секако мојата желба е еден ден да се видам меѓу редовите на Вардаровиот клуб.

Звонко Ивановски