ЖРК Вардар викендов ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Нашите девојки по мини кризата од два порази. на ред е да ја подигнат формата и да го победат тимот на Турингер од Германија за заокружување на оваа фаза.
За овој натпревар, ЕХФ одреди судиска двојка од Кипар. Станува збор за Јоргос Панајидес и Мариос Андреу од Кипар. ЕХФ делегат ќе биде Хелмут од Австрија.
Натпреварот ќе биде одигран во сабота од 17 часот и 30 минути.