Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Бедна состојба во Мак.борењето, плус видеа од борби на вардарците
Борење! Бедна состојба во Мак.борењето, плус видеа од борби на вардарците

Борење! Бедна состојба во Мак.борењето, плус видеа од борби на вардарците

Состојбата во македонското борење одамна не е “розева“ пад на квалитетот неподготвеност на федерацијата да се фати во костец со проблемите, наталожување на истите нестручност и.т.н. Разговаравме со нашите момци од Вардар за состојбата во овој спорт тие го кажаа следново:

Не се гордеевме многу со учеството на Изборниот шампионат во Радовиш. Одлична организација на домаќинот Бучим, голема сала, но квалитетот и квантитетот на борачите беше катастрофален, подпросечен !
Тоа е очигледно така, со факти, и дошло време за еден нов почеток. Има многу застарени неефективни работи , така да и покрај создаденото ново раководство на ФБСМ има кадровски и организацијски слабости и недостатоци и проблеми . Факт е дека немаме и ќе нема резултати ако се продолжи овака. Тука веќе се заврши кариерата на раководството на ФБСМ кое работеше повеќе од 2 олимписки циклуси, работеа по инерција и стихијно, додека капацитетот и средствата се потрошија, за да дојдат до исподпросечно ниво.

b2 b

Убаво што д-р Страшо Глигоров се труди теоретски да направи некаков ред, план и програм на работа, но нека не се заборава дека борењето е спорт, кој ако не се развива масовно во целата земја – тешко дека ќе може да се смета на трајни успеси. Стариот систем на работа е неповратно изгубен и не ни се потребни секојдневни оправдувања , но и сегашните методи на ова раководство на ФБСМ па воопшто не се ефективни. Како последица на тоа на нас ни требаат нови луѓе, со нови видувања и погледи на боречкиот спорт , со нов систем на работа. Ако се тргне по правилна насока , резултатите ќе дојдат неочекувано брзо , во кадетска и младинска возраст. Никако не треба да ги запоставуваме и сениорите, каде што имаме таленти со прекрасни предиспозиции!

Порано или подоцна ќе се јави и прашањето за неправилностите на распределувањето на финансиските средства преку Федерацијата од страна на Агенцијата за млади и спорт и МОК.
Очигледно дека досегашниот систем да се рассејуваат многу средства, без да им се следи трагот каде одат и без одговорност да се трошат – не е во ред. Луѓето инволвирани во борењето се согласуваат со моето мислење , дека тренерите по клубовите , не се соодветно платени и не се доволно мотивирани да работат. Навистина е жално за посматрање, на толку многу одржани големи манифестации, Светско Воено првенство, Европско првенство за Јуниори, порано Европско Кадетско првенство … да не се удостојат раководството и организаторите на истите, да остават нешто зад себе , освен за лична афирмација никој не се потрудил да го обноват инвентарот и техничките помагала во борењето. Жалосно што младите деца и борачи сеуште тренираат на душеци и струњачи од Светското Првенство во Скопје 1981 година.
UWW се залага и наложи за сите официјални манифестации да се сменат струњачите во темносини со оранжов круг , и стилот и боите на боречките дресови да бидат лиценцирани како национални одбележја. Според мене најважно е да се мобилизираме и да го активираме целиот наш потенцијал , треба тоа што ќе го зацртаме за план и цел – тоа да го оствариме.

b6 b7

Треба повеќе да зборуваме за борењето, а не за парите , затоа што според неколкуте ентузијасти кои вложиле големи средства во Македонското борење , спрема Агенцијата за млади и Спорт и МОК во борењето се влеале многу средства , а сами сме си криви што се трошеле и се трошат без одговорност.

b4

Во Радовиш на изборниот Шампионат, нашите ВАРДАРЦИ немаа достојни соперници, немаше што да се споредува и анализира. А на моите поранешни изјави дека 70% од Македонските борачи не се во тренажен процес и се далеку од борењето , ми беше напоменато дека тоа е работа на стручните лица и комисии на ФБСМ да анализираат и решаваат .

Еве неколку борби на нашите борачи од турнирот во Шведска и од Изборниот Шампионат во Радовиш: