Минатиот викенд на програмата во женската кошаркарска прва лига беше новото 9.коло. Мечот на вардаровите девојки во истото беше одложено и истиот доби нов термин, утре. Црвено-црните девојки, избраничките на Бране Андриевски утре ќе играат дуел со екипата на ЖКК Струга 2009.
Вардар е домаќин на овој дуел кој ќе се игра во малата сала при спортско рекеативниот центар “Кале“, почетокот на мечот е закажан за во 17-00 часот. Ова е прв меч дома во новата 2017 година за Вардар. Досега во пролетниот дел од сезоната игравме двапати во Кавадарци. Во првиот наврат учестувавме на завршницата од Купот на Република Македонија каде постигнавме голем успех и се “крунисавме“ со големиот пехар. Во втората прилика гостувавме кај екипата на МНА Кожувчанка во рамки на првото пролетно коло во Првата Лига, на тој дуел девојки триумфираа после продолженија со 60-68. Вардарки трагаат по десеттата победа сезонава по ред, откако наредија седум триумфи по ред во лигата и два во Купот. Ние сме фаворит во овој дуел, во првиот меч нагости кај стружанки триумфиравме со 59:47.