Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Триумф и пораз за пионерските екипи во мечевите со ФК Пирин одиграни во Бугарија
Триумф и пораз за пионерските екипи во мечевите со ФК Пирин одиграни во Бугарија

Триумф и пораз за пионерските екипи во мечевите со ФК Пирин одиграни во Бугарија

Денес во Бугарија во градот Благоевград пионерите и помладите пионери на Фудбалскиот клуб Вардар одиграа тест-натпревари со ФК Пирин. Нашите момци забележаа една победа и впишаа и еден пораз во дуелот со бугарите.

Пионерите на Сашо Тодоровски -“Рап-Тап“ генерацијата 2000 година во натпреварот со Пирин беа поразени со резултат 3:1. Единствениот гол за  вардаровите пионери беше постигнат од  Филип Антовски.

pp2

Помладите пионери предводени до Саше Јанев момците  родени 2001 година  и помали забележаа триумф со резултат 2-0.  Стрелци за црвено-црните на овој дуел со Пирин беа Бојан Димоски и Самир Хасиќ. Целта на овие тест-мечеви беа генерална контролка пред почетокот на пионерските лиги кој своето прво пролетно коло го имаа  викендов што следи.