Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар директно во четврт-финалето на Лигата на шампионите!
Вардар директно во четврт-финалето на Лигата на шампионите!

Вардар директно во четврт-финалето на Лигата на шампионите!

РК Вардар и официјално се пласираше во 1/4 финалето во ракометната Лига на шампиони. Вечерва патот на вардарци до 1/4 финалето му го отвори тимот на Пик Сегед кој славеше победа на гостински терен кај тимот на Рајн – Некар Левен. Со оваа победа на Пик Сегед, Вардар и официјално е на првото место во нашата група. Ова значи дека последниот натпревар против Кристијанштад во сабота за нашиот тим ќе биде чистa формалност.

Честитки до целиот тим и стручниот штаб на Вардар, за пласманот во 1/4 финалето.
Само напред!