Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Хамбарџумјан и Барсегјан со репрезентативни повици
Хамбарџумјан и Барсегјан со репрезентативни повици

Хамбарџумјан и Барсегјан со репрезентативни повици

Селекторот на фудбалската репрезентација на Ерменија Артур Петросјан, вчера го соопшти списокот на кои играчи ќе смета за престојниот квалификациски натпревар против селекцијата на Казахстан кој ќе биде одигран во Ереван на 26 овој месец.

felipe-hof-fkvНа оваа листа на селекторот на Ерменија се најдоа и двајца играчи од Вардар. Хофханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан добија репрезентативен повик. Ова е уште еден голем доказ и мотив за овие двајца играчи да играат уште подобро, бидејќи својот селектор ги следи речиси на секој меч кога игра Вардар.