Вчера во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра ракометен натпревар во рамките на младинската лига од групата 2 помеѓу екипите на Вардар и Макс Струмица. Победата им припадна на црвено-црните кои во најголем дел од натпреварот имаа водство. Конечниот резултат гласеше 33:28. Ова беше втор триумф во серија за црвено-црните во пролетниот дел од сезоната. Најефикасни во победат беа Иван Барлаковски и Лука Благопетров кои постигнаа по 6 голови.
Погледнете ја фотоглеријата од победат на Вардаровите младинци.