Денес својот 38-ми роденден го прославува новиот тренер на екипата на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова. Таа во текот на вчерашниот ден имаше успешно деби на клупата на Вардар, која успеа да забележи убедлива победа во дуелот со Турингер. Нашата редакција и посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план.
Сето она што не им успеа на претходните тренери во Вардар, нека и успее на Ирина која се надеваме дека ќе донесе европска титула, прва во историјата на нашиот ракометен клуб.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ИРИНА