Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжува победничкиот поход за избраниците на Андовски, генерација “2004“ оствари две нови победи во детската лига
Продолжува победничкиот поход за избраниците на Андовски, генерација “2004“ оствари две нови победи во детската лига

Продолжува победничкиот поход за избраниците на Андовски, генерација “2004“ оствари две нови победи во детската лига

Вардаровата генерација на ФК Вардар родени “2004“ година продолжуваат со добрите игри во детската лига. Денес двете екипи на оваа генерација забележаа победи во дуелите со Шкендија од Арачиново и Работнички.

Први на теренот излегоа Вардар (1) кои се сретнаа со тимот на Шкендија А, кој високо го поразија со резултат 15:0. Интересно првата голема шанса на овој натпревар ја имаше противникот, но нашиот голман Василев не дозволи да имаме негатива. Ни требаше малку време да се разиграме, а потоа работите си дојдоа на свое место. Гуџуфи прв во обид од редовите на Вардар, само покрај голот. Вардарци го отвараат резултатот и тоа со удар од белата точка, откако Шкендија направи три корни. Сигурен реализатор беше Марио Ричков за 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, откако од десната страна нафрли Љушев а на вистинското место се најде Гуџуфи кој забива за предност од 2:0.

vardarfans-pobeda

Денес доста активна во првото полувреме беше десната страна на Вардар, каде напаѓаа Стоимов и Љушев. Сега нафрли топка Стоимов до Гуџуфи, овој биеше со глава за малку не погоди. Шанса имаше и Стоимов, откако асистираше Ричков, сепак резултатот остана непроменет. Гуџуфи се покажува како големо засилување за Вардар и со неговиот втор погодок зголемува на 3:0, на асистенција на Сурлов. Продолживме со доминацијата, а во добри шанси се најдоа Стоимов и Попов, кои останаа нереализарани. Уште еден гол во мрежата на Шкендија во првите 30 минути, дело на Марио Сурлов со удар од белата точка. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

vardarfans-surlov

Во второто полувреме продолжи нашата голеада а нејзе ја започна Горазд Попов за прв негов погодок и водство од 5:0. Хет-трик на Гуџуфи за веќе убедливи 7:0 за Вардар кои целосно го надиграа противникот. Прв пролетен натпревар одигра и Огнен Здравковски кој ги пропушти првите три кола поради повреда. Ова момче упати удар, кој беше одбранет од голманот на противникот. Сепак Здравковски се запишува во листата на стрелци и тоа од пенал, откако еден наш играч беше фаулиран во противничкиот просто. Сигурен реазлизатор Огнен за водство од 7:0. Не помисливме да запреме со нападите, што резултира со нови голови. Нов пенал за Вардар и нов гол за Гуџуфи и тоа од втор обид за 8:0, откако од прва голманот на Шкендија го одбрани ударот. Втор гол на мечот и за активниот Здравковски кој носи убедливи 9:0. Конечно и противникот да се закани кон нашиот гол, но за малку не успеаа да постигнат почесен гол. Вардарци веднаш казнуваат и тоа со хет-трик на Огнен за двоцифрена предност од 10:0. До крајот на мечот проследивме уште пет гола сите за екипата на Вардар. Гуџуфи со сва гола во серија зголемува на 12:0. Прв гол на дуелот и за Димитар Стоимов за 13:0, додека последните два гола беа дело на Гуџуфи и Ричков. Конечниот резултат гласеше 15:0

Убедлив беше и Вардар (2) кој за противник го имаше тимот на Работнички. На овој меч славевме со резултат 8:1. Уштте во втората минута од натпреварот имавме можност да го отвориме резултатот но ударо на Павлески заврши во стативата од противничкиот гол. Сепак набргу успеавме да поведеме со 1:0 со голот на Марко Софијаноски. Цвено-црните имаа доминација и константно напаѓаа на половината на противникот. Шанса голема имаше Теодор Перковски, но голманот на Работнички го брани неговиот удар. Следува и втор гол на браќата Софијаноски, овој пат погодок на Матео кој се стори сам се ослободи од голманот и погодува за водство од 2:0. Одлична игра на Матео кој со својот втор гол набрзина зголемува на 3:0. Продолживме со нападите, што донесе и нов гол во мрежата на Работнички, прв за Сандро Каровски кој беше успешно пронајден од Павлески за водство од 4:0. Уште еден гол до крајот на првиот дел во противничката мрежа и прв за Георг Стојановски. Претходно истиов играч не успеа да реализира од белата точка. На полувреме се заминува со резултат 5:0.

Во вториот дел почесен гол постигнува и тимот на Работнички, за намалување на резултатот на 5:1. Тоа беше се што стори противникот, Вардар враќа веднаш со нов гол, прв и за Никола Павлески. Повторно браќата Софијаноски се најдоа во шанси, но резултатот остана непроменет. Сепак во продолжение од натпреварот Марко Софијаноски погодува од пенал за водство од 7:1. Во листата на стрелци до крајот на натпреварот се запишува и Теодор Перковски за конечен резултат од 8:1

Оваа генерација која ја предводи Ане Андовски продолжува со победите во лигата и сеуште има максимален број на освоени бодови.