Денес во Стумица на Општинското фудбалско игралиште во рамки на првото пролетно коло во кадетската лига Вардар гостуваше кај екипата на Академија Пандев. Двете екипи ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1 (0-0). Вардарци први поведоа сепак домаќините успеаа да изедначат и да се спасат од пораз на овој дуел.
Тренерот на кадетскиот тим на црвено-црните Влатко Колев мечот го започна со овој дуел: Зибери, Џуклевски, Јордановски, Серафимов, Насковски, Дишлиевски, Маркоски (капитен), Милевски, Петревски, Трајчевски и Абдулхади.
Првиот дел на дуелот заврши со резултат 0-0, и покрај неколкуте прилики на двете страни мрежите на Малик Зибери и Каракиров Костадин мируваа по крајот на првите 45 минути во овој кадетски дуел. Во вториот дел нашите обиди за водство конечно се остварија во 53 минута од дуелот. Избраниците на Колев поведоа со 0-1 со голот на капитенот Маркоски Дејан. Бевме близу до трите бода сепак победата ја испуштивме во последните минути од овој кадетски дуел. Домаќините успеаа да изедначат на 6 минути пред крајот поточно во 84 минута. Стрелец за екипата на Академија Пандев беше играчот со број 7, Ѓоргичков Методиј. Неговиот гол се покажа како последен на овој дуел и им донесе еден бод на струмичани. Во вториот дел шанса добија Бериша Јакуп на место на Јордановски, потоа Скендерски Андреј во 58 минута го замени Јахија. Играа уште Стоименов Дејан, Тодоров Блажен и Стојчевски Христијан. Кај нас капитенот Маркоски во 91 минута заработи црвен картон и беше искучен. Со ова реми остануваме на втората позиција на табелата во кадетската лига. Напомена со екипата на Академија Пандев нашиот кадетски состав ќе игра уште двапати оваа пролет во дуелот од полуфиналето на Купот на Македонија.