Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во финишот го пронајде патот до голот на Кобетиќ
Вардар во финишот го пронајде патот до голот на Кобетиќ

Вардар во финишот го пронајде патот до голот на Кобетиќ

Вардар се врати на победничките патеки, попладнево “црвено – црните” потешко од очекувањата стигнаa до победа над Брегалница. На овој натпревар нашите играчи бодовите ги освоија во финишот на мечот, стрелци на головите за Вардар на овој меч беа Блажевски во 88 минута и Петковски во 90.

Во првиот дел иако Вардар имаше голем број на шанси, сепак не ги искористи и на полувреме се замина со неквалитетни 0:0. Први на натпреварот уште во првата минута се заканија гостите преку Здравков, но овој удар го одбрани нашиот голман Гачевски. Првата шанса вардарци ја имаа во 3 минута преку Барсегјан, овој удар на нашиот играч го одбрани Кобетиќ. Во првиот дел треба да се одбележат и три големи шанси на Вардар кој не беа искористени. Во 19 минута Балотели излезе сам пред Кобетиќ шутираше, но неговиот удар го одбрани голманот на гостите и пропадна и оваа шанса за Вардар. Потоа во 26 минта Барсегјан се обиде, но и овој удар успеаја да го извадат фудбалерите на Брегалница од самата гол линија. Треттата добра шанса на мечот ја имаше Балотели, кој упати еден одличен удар од над 30 метри но неговиот удар заврши само во пречката од голот на гостите.

fkv-baloteli

Во вториот дел Вардар мака мачеше да го пронајде патот до голот на гостинот. Шансите се редеа пред голот на Кобетиќ но изостана реализацијата се до финишот на мечот. Во игра влегоа и Џигаури, Николов и Петковски но и тие не донесоа некаков резултат. Во 53 минута Којашевиќ упати добар удар од слободен од над 30 метри, но топката отиде за малку над голот на гостите. Потоа во 69 минута и Фелипе се обиде, но повторно Кобетиќ ја одби топката во корнер. Во 81 минута Брегалница остана со играч помалку, од игра мораше поради црвен картон да излезе Ѓорески. Оваа бројчана предност Вардар одма ја искористи. Во 88 минута Дејан Блажевски успеа да постигне погодок. Нафрли Хамбарџумјан, а Блажевски со глава го матираше Кобетиќ за 1:0 и голема радост на нашите играчи. Во 90 минута Вардар го постигна и вториот гол денеска, стрелец на голот беше Петковски Петар по асистенција на Хамбарџумјан. Со овој резултат 2:0 заврши мечот.