Денес во салата “Кале“ младинците на РК Вардар во меч од младинската лига ја пречекаа екипата на РК Прилеп од истоимениот град. Момците предводени од тренерскиот двоец Чивлачки-Грчевски дојдоа до убедлива победа, црвено-црните триумфираа на овој младински дуел со резултат 39-25.
Први со два гола мечот го отворија прилепчани, тие поведоа со 0-2 на почетокот. По пет минути игра тие го одржуваа водството и водеа со 2-4. Следуваше првата наша серија од 4-1 со која пројдовме во водство во 10 минута со 6-5. Прилепчани се вратија и изедначија на 7-7 тоа беше последен пат на мечот кога имаа позитивен резултат во нивна корист. До крајот на првиот дел ние одигравме маестрално каде постигнавме 13 гола, а примивме само 4 во продолжение . На одмор заминавме со висока позитива, на семафорот во “Кале“ стоеше резултатот 20-11.
Вториот дел со гол за 21-11 и “плус десет“ го отворија момците на Слободан Чивлачки. Потоа нашите младинци ги затворија сите приоди кон својот гол во воведните пет минути. Правиме серија 5-0 на почетокот и во 35 минута поведовме со 25-11. Конечно мал период во кој прилепчани одиграа нешто тие со два последователни гола во 37 минута намалија на 25-13 сепак тоа беше се што можеа да направат. Точно на средината на вториот дел во 45 минута водевме со “17 плус“ односно резултатот беше 31-14, односно направивме нова серија овој пат 6-1. Вардар целосно го контролираше мечот од клупата во вториот дел добија шанса сите играчи и голмани кои беа во составот за денешниот натпревар. Во следните пет минути се играше рамноправно двата тима одиграа ефективно постигнувајќи по три гола во противничката мрежа, во 50 минута водевме со 34-17. До крајот се беше рутина во овој дуел од младинската машка ракометна лига ние триумфиравме со 39-25 на крајот.
Наков Васе кај нас беше прв стрелец со десет гола, Тони Атанасовски постигна девет, Мисаилевски Антониј беше трет стрелец со постигнати пет погодоци за црвено-црните младинци на овој дуел. Покрај нив треба да се истакнат голманите кои беа одлични, а и сите играчи кој земаа учество во оваа висока победа денес.