Tuesday ,08 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар триумфираа доминантно со РК Делчево
Кадетките на Вардар триумфираа доминантно  со РК Делчево

Кадетките на Вардар триумфираа доминантно со РК Делчево

Денес во салата “Кале“ кадетската екипа на Вардар одигра меч од кадетската лига со екипата на РК Делчево Вардар. Избраничките на Драгана Ристова и Пецевска Билјана беа поуспешни од девојките на Велков Горан со резултат 38-16 (22-10).

kk2

Први со гол мечот го почнаа девојките од Делчево, ние веднаш изедначивме на 1-1. Девојките од РК Делчево-Вардар играа рамноправно со нас до десетта минута кога водевме минимално со 4-3. Потоа нашите девојки влегоа во елемент, ги затворија приодите кон својот гол и одлично казнуваа од контра-напади. Правиме одлична серија 7-2 со која одиме на “плус пет“ односно  11-6, некаде на 12 минути пред крајот на првиот дел.  Потоа делчевки малку го стабилизираа мечот почна игра гол за гол резултатот беше комотен 14-8 за црвено-црните девојки. Во последните минути повторно танц на нашите девојки прават серија 8-2 со која на одмор отидоа со комотни “дваанесет плус“ 22-10, најавувајќи дека на овој меч само они се прашуваат кога станува збор за тимот кој ќе ги однесе бодовите во овој дуел.

kk3 kk5

Вториот дел тренерскиот двоец на црвено-црните го започна со изменет состав уфли во игра неколку нови поединки со цел да даде шанса на поширокиот ростер. Вториот дел го почнавме со серија 3-0 со која отидовме на плус15, односно 25-10. До крајот се беше рутина постојано го одржувавме двоцифреното водство, казнуавме од контри игравме одлична одбрана. триумфиравме со  38-16. Девојките одиграа одлично во сите сегменти на ракометната игра во одбраната беа цврсти, во нападот разноврсни честитики за одличната партија.  Треба да се напомене дека на голот денес ги имавме одличните Трајковска Јована и Ивана Станчева кои бранеа по еден период, Трајковска во првиот дел фати покрај голем број на топки и два пенала, исти удел имаше и Ивана која одбрани два пенала во вторите 30 минути.

kk4

Кај нас Донева Јана имаше 7 гола, Ѓорѓиевска Стефанија постигна 5 гола колку што имаа Костовиќ Ангела,  и Седловска Андреа која одигра само во првиот дел од мечот.