Во салата “Јане Сандански“ денес се одиграа мечевите кај момците во генерација 2002/2003 во рамки на ракометната вардарова Јуниор Лига. Во првиот меч триумфираа момците на РК Илинден Вардар кои ги водеше од клупата Будимир, во вториот меч бодовите ги однесе РК Делчево Вардар на Горан Велков.
РК Илинден Вардар однесе победа со екипата на РК Бисинов Вардар од Велес со резултат 26-19. Први со гол мечот го отворија РК Илинден кои поведоа со 0-1, на што велешани одговорија со гол за 1-1. Потоа се играше гол за гол беше 2-2 па 3-3 во 5 минута од мечот. Со серија 1-3 илинденци се одлепија на 3-5 во продолжение. Во продолжение игра гол за гол двата тима погодија по 8 пати во двете мрежи. На одмор се отиде со резултат 11-13 во корис на момците од скопската населба Илинден.
Вториот дел со гол го отворија момците на РК Бисинов кој намалија на 12-13 и навестија инересен втор период на овој машки дуел во Јуниор ракометната лига. Потоа мечот беше постојано егал беше 13-13, па 14-14 , потоа 15-15 и на крајот 17-17. Илинден направи серија 0-3 со која поведе 17-20 што беше клучна за победа на овој дуел. Тие во продолжение го контролираа резултатот и на крај триумфираа со 26-19. Кај победникот Филип Давидовски “блесна“ тој погоди дури 13 пати, кај поразените велешани Јован Атанасовски имаше 5 погодоци.
Во вториот меч победа однесоа момците на РК Делчево Вардар во дуел со РК Урдаревски Вардар со резултат 15-13. На почетокот мечот со гол го отворија момците на Горан Велков тие по две минути поведоа со 2-0 на почетокот. Момците на РК Урдаревски вратија со иста мера и изедначија на 2-2. Потоа резултатот беше двапати изедначен 3-3, па 4-4 стоеше на семафорот. Урдаревски прави серија 1-3 и на одмор заминува со предност од 5-7.
Вториот дел со серија 4-0 го отворија делчевци тие успеаа да го преземат водството и поведоа со “два плус“ односно со 9-7. До крајот двата тима играа гол за гол постојано Делчево беше во предност од еден до два гола. Тие на крајот ја сочуваа предноста од два позитива и триумфираа со резултат 15-13. Кај победникот Златановски Петар со четири гола беше прв стрелец, а кај тимот кој забележа пораз Кристијан Мутковски погоди пет пати.