Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победа за кадетките на Вардар во дуелот со Велкова 5
Победа за кадетките на Вардар во дуелот со Велкова 5

Победа за кадетките на Вардар во дуелот со Велкова 5

Денес во спортската сала “Ѓорче Петров“ се одигра натпревар во женската кадетска лига од групата 1 помеѓу екипите на Велкова 5 и Вардар. Поуспешни беа избраничките на Ристова и Пцевска кои славеа со резултат 19:25

Вардарки одлично го отворија натпреварот и поведоа со 0:3, за во следните минути домашниот тим да врати на ист начин и да го израмни резултатот, што беше и последно на натпреварот. Последната резултатска неизвеснот беше при резулта 5:6, за нашите девојки да постигнат три последователни голови и да зголемата на 5:9. За момент противникот го намали резултатот на 5:9, за нашите девојки да направат нова серија од 0:5 и на полувреме да имаат убедливи 6:14.

Првиот гол во второто полувреме го постигна екипата на Велкова за намалување на 7:14. Сите работи околу конечниот победник беа познати кога Вардар стигна до двоцифрена предност од 8:18. Ова високо водство донесе мало олабавување во нашиот состав, кој му дозволи на домашниот тим да намали на 18:22. Сепак немаше повеќе време за некоја неизвеснот, па црвено-црните рутински го приведоа крајот на мечот, за конечен резултат од 19:25.

Најефикасна во нашиот состав беше Ангела Костовиќ со 5 голови, додека по 4 постигна Андреа Седлоска и Стефанија Ѓорѓиевска. Ова беше шестта победа за кадетките на Вардар, со која си ги зголемија шансите за пласман на завршниот турнир,