ФК Вардар даде уште еден играч репрезентативец. Играчот од средниот ред на Вардар Стефан Спировски, доби дополнителен повик од страна на македонската сениорска фудбалска репрезентација за настап на дуелите против Лихтенштајн и Белорусија.
Со повикот на Спировски, бројката на повикани играчи за своите репрезентации се накачи на дури 11 играчи. Покрај овој играч, за нашата А репрезентација се повикани и: Гачевски, Алексовски, Николов и Велковски. За младата репрезентација повикани се Петковски и Демири. Од интернационалците пак, повик добија Којашевиќ, Хамбарџумјан, Барсегјан и Џигаури.