Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар Јуниор немаше сила за надигрување со Еурофарм Работник
РК Вардар Јуниор немаше сила за надигрување со Еурофарм Работник

РК Вардар Јуниор немаше сила за надигрување со Еурофарм Работник

Ракометарите на Вардар Јуниор вечерва се поразени на натпревар од најсилната супер-лига. Младиот состав на Стојан Петрушевски немаше сили да се надигрува со поискусниот и поквалитетен тим на Еурофарм Работник.

Во текот на целиот натпревар екипата од Битола имаше водство и контрола на резултатот, иако до последните седум минути од првото полувреме предноста не беше поголема од два гола разлика. Противникот во неколку наврати имаше водство од два гола, но младите Вардарци во еден момент успеаа да го израмнат резултатот на 8:8. Сепак до крајот на првиот дел, Еурофарм успева да направи серија од 1:7 и на полувреме да замине со солидно водство од 9:15.

Второто полувреме започна со гол на црвено-црните кои го намалија резултатот. На ова гостинот одговори со два гола во серија и веќе на стартот на второто полувреме имаше највисоки седум гола предност (10:17). Избраниците на Петрушевски не помислуваа да се предадат и во два наврати ја топеа предноста на гостинот на четири гола. Сепак квалитетот, но и возраста и искуството беа на страната на Битолчани кои повторно се одлепија на највисоки девет гола на овој меч (18:27). До крајот немаа проблем да го одржуват водсвото и на крајот слават со резултат 23:31.

Кај нас Мартин Поповски постигна 7 голови, додека Дејан Кукуловски и Стефан Трпчевски беа стрелци на четири погодоци. Кај победничкиот тим се истакнаа Монтеро Де Барос со 9 и Лазо Мајнов со 6  голови.