Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Историја > РК Вардар (формирање и успеси)
РК Вардар (формирање и успеси)

РК Вардар (формирање и успеси)

Ракометниот клуб Вардар е формиран во 1961 година со преминување на тогашниот ракометен клуб Графичар во редовите на спортското друштво Вардар. Веднаш по формирањето клубот успева да се пласира во II сојузна лига, и во натпреварувачката сезона 1961/62 година успеал да го освои место.

Најпосле, во натпреварувачката 1975/76 година клубот го освојува 1 место во II лига и се пласира во I сојузна лига со што го остварува и својот најголем успех. Треба да се одбележи дека во тоа време РК Вардар имаше квалитетен тим, што говори и фактот дека во натпреварувачката 1976/77 го освоила 5 место во првенството на Југославија.

Во овој изминат период на плодна работа и постоење на клубот од редовите на нашиот клуб произлегле и државни репрезентативци и во младинска и во сениорска конкуренција. Затоа не треба да се заборави дека за младинската репрезентација на Југославија настапувале и наши членови: Наумовски, Сипковски, Савевски и други, а за сениорската: Јовановски, Маринковиќ, Лозановски, Ивановски, Савевски и други.

Исто така треба да се одбележи дека и женската сениорска екипа со години била најдобра во републиката, и како таква две години со голем успех се натпреварувала во II сојузна лига.