Вчера во С.О.У Св.” Кирил и Методиј” во Неготино беше одигран натпревар во рамките на кадетската лига во машка конкуренција. Играчите на Чивлачки и Грчевски се вратија од Неготино со победа, овој натпревар Вардар од Скопје го доби со 28-26 (14-9).
Натпреварот со гол го отвори тимoт од Скопје. Се до средината на првиот дел се играше еден пред се возбудлив и изедначен натпревар. Кон крајот на првиот дел Вардар направи една серија од 4-0, благодарение на оваа серија на полувреме момците на Чивлачки и Грчевски заминаа со пет голови предност. Во вториот дел со два едно едноподруго погодоци отвори тимот од Скопје. До средината на вториот дел резултатот беше 20-18, потоа како одминуваше крајот на мечот натпреварот беше се по интересен, до крајот на мечот тимот на Вардар од Неготино одигра добро, но не успеа да ја намали предноста од полувремето во целост. На крај, тимот на Вардар од Скопје славеше победа со два голови разлика.
Вардар Скопје: Наков 5, Мајсторовски, Мисалиески 3, Биковски 3, Антевски, Атанасовски 2, Тушев, Стојаноски, Олтовски 5, Игнов, Кизиќ, Николов, Милошевски 3, Ќосевски 6 и Нанов 2.