Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардарци денес гостуваат в Битола, во ова 12.коло играме со КК Хераклеа
Куглање! Вардарци денес гостуваат в Битола, во ова 12.коло играме со КК Хераклеа

Куглање! Вардарци денес гостуваат в Битола, во ова 12.коло играме со КК Хераклеа

Во Македонската кугларска лига викендов на програмата е новото, 2.коло од треттиот круг во оваа сезона. Црвено-црните кои играат со набиен распоред веќе денес го имаат мечот од ова 12.коло во МКЛ. Вардар ќе гостува во градот Битола кај екипата на КК Хераклеа.

Мечот во кугларницата во Битола е закажан со почеток во 11-00 часот. Овој последен круг го отворивме со победа, во четвртокот на 23/03/2017г.   во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје се одигра  дуел помеѓу нашиот КК Вардар и екипата на КК 18-ти Август 2016. Вардаровите момци триумфираа, тие ја оправдаа улогата на фаворит и победија  со 7:1. Нашите момци во сетови однесоа победа со 16:8, вардарци соборија  3243 “дрва“ или 131 повеќе од екипата на 18-ти Август која имаше екипен скор од 3068 “соборени дрва“. Како второпласирани денес гостуваме на овој тежок дуел. Во првите два меча сезонава со овој противник дојдовме до две победи. На првиот меч нагости во Битола триумфиравме, а и на заостанатиот меч кој се одигра минатата недела во Скопје победивме со 6-2. Ние сме во серија од четири победи оваа пролет, се надеваме дека ќе ја продолжиме традицијата на победи над битолскиот кугларски колектив и денес.