Вчера настап со своите репрезентации имаа пет играчи од редовите на ФК Вардар. Петар Петковски со репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра пријателски натпревар против младите надежи од Црна Гора, овој меч нашиот тим го доби со 2:0. На овој натпревар Петковски беше капитен и одигра вкупно 69 минути.
За А селекцијата на Македонија настапија тројца играчи од Вардар и тоа Велковски, Николов и Спировски. Николов успеа да се запише во листата на стрелците во 43 минута од натпреварот, воедно овој играч заедно со Велковски го одиграа целиот натпревар, Спировски одигра 75 минути. На клупата за резерви останаа голманите Гачевски и Алексовски.
“Петорката” ја комплетираше Џамбул Џигаури кој настапи за селекцијата на Грузија на натпреварот против Србија, овој натпревар гостинот го доби со резултат 1:3. Џигаури во игра влезе во 89 минута.
Треба да се напомене дека и младите Бојан Колевски, Филип Антовски и Тодор Тодоровски настапија за селекцијата до 18 години која одигра пријателски меч против Украина кој заврши нерешено 1:1.