Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Македонија лесно против Лихтенштајн, Николов постигна одличен погодок!
Македонија лесно против Лихтенштајн, Николов постигна одличен погодок!

Македонија лесно против Лихтенштајн, Николов постигна одличен погодок!

Македонската репрезентација се враќа од Лихтенштајн со три бодови, вечерва нашите играчи во целост го надиграа противникот и заслужено стигнаа до лесна победа издвојувана со резултат 0:3 (0:1). Стрелци на головите на овој натпревар беа: Николов и Несторовски кој постигна два погодоци.

На овој натпревар за настап конкурираа дури пет играчи од редовите на Вардар. Во почетниот тим се најдоа тројца наши играчи и тоа Велковски како одбрамбен играч и Спировски и Николов кој играа на средината на теренот. На клупата за резерви останаа голманите Гачевски и Алексовски. Резултатот на овој натпревар го отвори Николов со одличен прецизен волеј удар за предност во 43 минута од мечот. Во вториот дел преку Несторовски нашиот тим постигна уште два погодоци.

Спировски одигра вкупно 85 минути, Велковски и Николов го одиграа целиот натпревар.