Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар го гради тимот за следната сезона
ЖРК Вардар го гради тимот за следната сезона

ЖРК Вардар го гради тимот за следната сезона

Нашиот женски ракометен шампион продолжува да го гради тимот за следната сезона. Клубот до овој момент ги продолжи договорите со седум ракометарки. Први кои ја продолжија верноста со екипата беа Лазовиќ, Хмирова и Кликовац. Низата ја продолжи Лекиќ која потпиша нов двегодишен договор, а нејзините стапки ги следеше и нашиот најдобар играч, Андреа Пенезиќ која е најдобар стрелец на Вардар. Француската репрезентативка, Александра Лакрабер беше следната која стави потпис на нов едногодишен договор, а од вчера ни стигна уште една радосна вест дека и Амандин Лејно останува уште две години во Скопје.

Од другите ракометарки заминување од Вардар најави Сања Дамњановиќ, која по крајот на сезоната дефинитивно заминува од екипата. Мајса Песоа има да одбработи уште една сезона, односно репрезентативката на Бразил има активен договор до јуни следната година. Неизвесен е претстојот во Вардар за интернационалката од Германија, Ања Алтхаус на која ова лето и истекува договорот кој го има со клубот. Според првичниот договор уште една година во црвено-црниот дрес треба да остане и Андреа Човиќ, како и Камила Херем која дојде на почетокот на оваа сезона од Холстебро и потпиша двегодишен договор со нашиот тим. Истата трајност ја имаат Јованка Радичевиќ која уште најмалку една сезона треба да остане во Вардар, како и Тамара Мавсар за која ова е прва сезона. Македонската репрезентативка и десното крило, Сара Ристовска има важечки договор до 2019 година.

Што се однесува до новите засилувања за следната сезона, досега официјално е потврдено само доаѓањето на Драгана Цвијиќ од Будуќност. Останува во наредниот период да ги регистираме сите нови промени во Вардар, во однос на нови договори, заминувања, како и нови засилувања за следната натпреварувачка сезона.