Во периодот од 7-9-ти април ќе се одигра завршниот турнир во СЕХА-лигата. Вардар го заврши регуларниот дел на првото место и во полуфиналето за противник го доби тимот на ППД Загреб. Во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на Веспрем и Брест Мешков. Градот Брест за прв пат оваа сезона ќе биде домаќин на еден Ф4 во ова натпреварување. Вардар и Веспрем се најтрофејни и имаат по два трофеи од СЕХА-лигата, а црвено-црните ќе се обидат да стигнат до третиот и да станат најдобриот тим кој се натпреварува во оваа лига.
Како беше претставен Вардар пред одигрување на завршниот турнир можете да погледнете на ова видео: