Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на ФК Вардар го победија Милано, Мартин Спировски донесе три бода
Помладите пионери на ФК Вардар го победија Милано, Мартин Спировски донесе три бода

Помладите пионери на ФК Вардар го победија Милано, Мартин Спировски донесе три бода

Денес на теренот на академијата се одигра третото полетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Натпревар имаа помладите пионери кои за противник го имаа тимот на Милано. Нашите надежи славеа со резултат 1:0, со единствениот гол на Мартин Спировски.

Тренерот Сашо Јаневс стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Ѓурковски, Бојковски, Мирчевски Манасиевски, Хасановиќ, Димоски, Спировски, Астарџиев, Николов, Илиевски. 

Првиот обид го имаа Вардарци и тоа Матеј Николов кој шутираше над голот на Милано. Црвено-црните беа поактивни на теренот и постојано се обидуваа да направат поконкретна акција. Уште еден обид имавме преку Марио Илиевски кој исто така бие над противничкиот гол. Милано беше дефанзивно ориентиран и се обидуваше да го сочува својот гол. Нова акција ѕа Вардар, овој пат во шанса се најде Малик Хасановиќ кој со глава бие над голот.. Првиот обид на спротивната страна го имаше и гостинската екипа, директно од слободен удар над голот на Матеј Андов. Иницијативата на црвено-црните вродува со плод во последните две минути од првото полувреме, кога Мартин Спировски погодува за предност од 1:0. Се игрше акција од десната страна, поведе топка Хасановиќ кој ја нафрли во противничкиот шеснаесетник. Најпрво на неа наиде Илиевски кој шутира, голманот со крајни напори го брани ударот, но на одбиената топка наиде Спировски кој носи радост на Вардар. До крајот на првиот дел обид за Милано, кој завршува покрaј нашиот гол. На одмор се заминува со предност на Вардар од 1:0.

vardarfans

Стрелецот на погодокот, Спировски ја има првата прилика во второто полувреме, но голманот на Милано го брани ударот. Во овој дел од натпреварот бевме поконкретни од противникот, нов кој се закани беше Давид Астарџиев кој шутира во рацете на голманот. Се играше се потешко со оглед на високата температура, сепак ние се обидувавме да постигнеме втор гол и да го решиме победникот. Имавме убава можност преку Марио Спировски, но нашиот играч не покажа умешност во завршниот удар. До крајот на натпреварот немаше некои посериозни прилики за погодок. Вардарци умешно го одржуваа водството и на крајот освоија три бодови. Конечниот резултат гласеше 1:0.

Ова е важен триумф за помладите пионери со кој се искачија на горниот дел од табелата и за зголемување на самодовербата.

vardarfans-pomladi-pioneri