Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во лигата, откако денес во рамките на 14 првенствено коло беа подобри од екипата на Милано. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0.
Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимески, Ѓорѓиески, Димов, Калчиноски, Адем, Наумчески, Дарлишта, Битиќи, Реџепи, Каркалашев-Трајковски, Благојевиќ.
Брзо го отворивме резултатот на овој меч и поведовме со 1:0 преку Александар Ѓорѓиески со удар од белата точка. Претходно во противничкиот шеснаесетник беше соборен Кренарт Дарлишта, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Ѓоргиески. Следен кој се обиде во нашите редови беше Анел Калчиноски кој бие покрај голот на Милано. После двата последователни порази, црвено-црните беа решени денес да ги освојат трите бодови. На вториот погодок не се чекаше многу време, откако со вториот гол на Александар Ѓорѓиески зголемуваме на 2:0. Беше нафрлена топка од корнер, на неа со глава наиде Ѓоргиески за зголемена предност. Прва прилика и за гостинската екипа, која се обиде директно од слободен удар, но нашиот голман Бојан Тимески го скроти ударот. Денес игравме одлично и константно притискавме на половината на Милано. Уште една добра акција на црвено-црните со реализација на Кренарт Дарлишта кој доби употреблива топка од Благојевиќ. Брз продор на Дарлишта, кој изби сам со голманот на Милано и ја сместува топката во мрежата за водство од 3:0. До крајот на првото полувреме добра шанса имаше и Благојевиќ кој шутира од некаде 20 метри, топката ѕа момент ја испушти противничкиот голман, која ѕаврши во стативата од голот на Милано. По првите 45 минути резултатот беше 3:0 за Вардар.
На стартот од второто полувреме имавме убава прилика да го зголемиме резултатот, но Милан Благојевиќ не ја закачи добро топката, која беше лесен плен за гостинскиот голман. Во продолжение од мечот направивме неколку измени, со цел да ја освежиме играта. Се обиде и Али Адем, кој за малку бие покрај голот на Милано. И покрај високото водство, Вардар сакаше да постигне нов гол, а обид со глава имаше Александар Ѓорѓиески, но ударот завршува над голот на противникот. Немаше посериозни шанси до крајот на натпреварот. За одбележување е еден обид на Милано, кој беше лесен плен за Тимески, но и стативата на Реџепи од Вардар кој биеше со глава. Истиов играч имаше уште еден обид, кој завршува во рацете на противничкиот голман. Сепак конечниот резултат е 3:0 за Вардарци.
Пионерите со овој триумф ги задржуваат шансите за титулата. Се надеваме дека ја најдовме препознатливата форма која не красеше во есенскиот дел од сезоната и до крајот ќе забележуваме само победи.