Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар СЦЈС дојдоа до убедлива победа против Кичево
Кадетките на Вардар СЦЈС дојдоа до убедлива победа против Кичево

Кадетките на Вардар СЦЈС дојдоа до убедлива победа против Кичево

Кадетките на Вардар СЦЈС лесно се справија со екипата на Кичево 10. Овој натпревар нашите девојки го добија со убедливи 40:13 (19:9). Во текот на целиот натпревар нашиот тим го контролираше резултатот и заслужено дојде до убедлива победа.

17467531_1400378466686074_1668894937_nНатпреварот со гол го отвори гостинот од Кичево, потоа и зголеми на 0:2. Во 10 минута од мечот нашиот тим имаше предност од 8:3. Како одминуваше првиот дел така и вардарки си ја зголемуваа својата предност, па така во 25 минута од мечот резултатот гласеше 15:7 за нашиот тим. На пауза вардарки заминаа со десет голови предност 19:9. На почетокот од вториот дел нашиот тренер шанса им даде и на ракометарките кои во првиот дел беа на клупата за резерви. Во 40 минута од мечот резултатот гласеше 25:10. Доминацијата во вториот дел беше ефидентна, тимот на Кичево за цели 30 минути успеа да даде само четри голови. Во вториот дел на голот на Вардар добија шанса и другите две голманки. На крај, кадетките победија со дури 27 голови разлика.

17506134_1400378580019396_647801396_n

ЖРК Вардар СЦЈС: Бабунска, Ивановска 6, Блажевска 4, Паланковска 3, Танчева 4, Нелоска 1, Величковска 3, Мицевска, Атанасова, Трпевска 5, Митровска 3, Стојчевска, Трајкова 2, Диневска 6, Сандева, Цветковска 3.