Нови двајца играчи на Вардар забележаа настапи за своите репрезентации. Тигран Барсегјан со селекцијата на Ерменија одигра натпревар против Казахстан, овој меч селекцијата на Ерменија го доби со резултат 2:0. Нашиот играч иако не започна како стартер уште во 5 минута доби шанса од клупата за резерви. Хамбарџумјан не се најде во составот за овој дуел.
Дамир Којашевиќ пак, имаше уште една добра претстава за својата репрезентација. Нашиот крилен играч и на овој натпревар се најде во стартниот состав на Црна Гора. Којашевиќ во 63 минута му додаде една одлична топка на својот напаѓач Мугоша кој стрелаше прецизно за 1:1. Којашевиќ одигра се до 81 минута кога беше заменет, по таа замена следуваше и погодок на Полска за 1:2. Со овој резултат и заврши натпреварот.