Изминативе два дена, екипата на ЖРК Вардар беше дел од вториот турнир во регионалната лига. Црвено-црните одиграа два натпревари, на кои забележаа победи. Денес игравме против екипата на Будуќност која ја совладавме со резултат 28:27. Во најголем дел од натпреварот имавме водство и по првиот дел имавме водство од 15:11. На прес-конференцијата после завршување на натпреварот, помошниот тренер Аце Станковски ги сподели впечатоците од победата.
-Ја подобривме агресивноста на играта во одбрана 6-0 во прво полувреме, и девојките одиграа добар меч. Се виде дека ни недостигаше сила, бидејќи целиот товар падна на плеќите на 7-8 девојки. Но, тоа ќе го надокнадиме во следните мечеви. Добро функциониравме во првото полувреме. Ќе се обидеме да ги поправиме сите пропусти во играта за следниот турнир.